Дејност PDF Print E-mail

Digimak Design Studio ви нуди целосна изработка на интернет презентација (веб-сајт), интернет програмирање, хостирање (опслужување) на интернет страници, графички дизајн и други интернет-ориентирани услуги.

Digimak Design Studio ја користи најсовремената технологија при дизајнирањето на Вашата интернет презентација. Нашето обемно искуство во полето на интернет дизајн и програмирање ни овозможува да креираме интернет презентации соодветни на Вашите потреби, од наједноставни веб-страници до целосни интернет апликации.

Изработка на интернет презентација

Интернет расте секојдневно и претставува најефикасен медиум за мултимедијално претставување на Вашата компанија, Вашите продукти и идеи на милионскиот број интернет корисници. Интернет презентацијата се состои од фотографии, стилизиран текст, табели и дополнителни интерактивни елементи, со што се достигнува виртуелна претстава од највисок квалитет.

Изработката на Вашата интернет презентација вклучува подготовка на повеќе веб-страници, меѓусебно поврзани во една целина наречена веб-сајт. Тука спаѓаат и графичката обработка на Вашето лого, скенирање и обработка на слики, подготовка на мени за навигација и превод на Англиски. По потреба, Вашата интернет презентација може да вклучува и CGI скрипти, користење на датотека (база на податоци), Flash презентација и JavaScript.

Доколку веќе имате интернет презентација, Digimak ви нуди и комплетно редизајнирање или ажурирање на истата. Ажурирањето може да биде извршено од наша страна или да биде автоматизирано со помош на скрипти (програми) и со користење на датотека.

Хостирање (опслужување) на интернет презентација

Хостирањето на Вашата интернет презентација претставува сместување на истата преку закуп на простор на нашите интернет веб-сервери, со што таа се опслужува преку интернет до сите делови од светот. Нашите веб-сервери се лоцирани во С.А.Д. и имаат брза T1 врска до интернет, што овозможува брз пристап до Вашата интернет презентација од било кој дел на светот, 24 часа на ден.

Графички дизајн

Digimak ви нуди и разни видови графички дизајн, како за интернет медиумот така и за печатење. Тука спаѓа изработката на лого за Вашата компанија кое може да биде искористено на Вашата интернет презентација или на Вашите печатени материјали. Истовремено, Digimak ви нуди и комплетна изработка на визит карти, вклучувајки го графичкиот дизајн и печатењето на истите.

Изработка на CD-ROM презентации

Digimak ви нуди и изработка на CD-ROM-ови кои служат како дополнителен рекламен материјал за Вашата компанија. Нашите CD-ROM дизајни се атрактивно дизајнирани со намера да го привлечат вниманието на Вашите клиенти.

Изработка на ТВ реклами

Една од нашите најнови дејности е изработката на ТВ реклами за нашите клиенти, а за таа цел ја користеме најсовремената технологија која ни овозможува да креираме модерни и интересни реклами спремни за користење како ТВ спотови.

Рекламирање на Интернет

Digimak одржува неколку популарни интернет портали кои Ви нудат уште една можност за рекламирање на Вашата компанија или веб страна. Можеме да Ви изработиме рекламен банер којшто може да биде поставен на еден од нашите портали. Истовремено, можете да добивате неделни извештаи со статистика за вашиот банер.

 

version 3.1, copyright © 1999-2008, digimak design studio, info@digimak.com, design by digimak