| За Нас |
|
|
|
|
Digimak Design Studio е формирано во Ноември 1999 година во Струмица, Македонија, со пуштање во употреба на StrumicaOnline.com како еден од првите портали во Македонија. Името Digimak, кое произлегува од Дигитална Македонија, беше изберено нешто подоцна за да ги презентира идеите и целите на оваа компанија. Нашата првенствена цел е да го промовираме користењето на Интернет и можностите на Интернет во Македонија. Се гордееме со бројот на клиенти кои можат да го потврдат квалитетот на нашиот дизајн и професионалноста на нашата работа. Нашето долгогодишно искуство во полето на интернет дизајн, како и нашите богати и обемни идеи, не прават Ваш незаменлив партнер во извршувањето на Вашите цели. Дозволете да бидеме дел од Вашата стратегија! |


